fbpx

Шеснаесет конгресмени преку писмо бараат од Кери прием на Македонија во НАТО

-

Писмо со кое се бара американскиот Стејт департмент да се заложи за членство на Македонија во НАТО, испратија 16 конгресмени, предводени од американскиот конгресмен Бил Паскрел, демократ од Њу Џерси, и од Кендис Милер, републиканска конгресменка од Мичиген, до државниот секретар на САД, Џон Кери, информираат од Обединета македонска дијаспора (ОМД).

Во писмото се бара државниот секретар Кери да продолжи да се залага за членство на Македонија во НАТО и се изразува став дека сега е вистинскиот момент да се најде решение. Според конгресмените, влошувањето на состојбата во Македонија може да се припише на наглиот прекин на процесот за прием на Македонија во НАТО.

– Веруваме дека враќањето на вербата дека постои искрена и вистинска можност за прием на Македонија во НАТО ќе придонесе за зајакнување на демократските институции и вредности во оваа држава и ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста во регионот, што е во полза на соседните држави на Македонија – укажуваат во писмото до Кери, конгресмените Бил Паскрел, Кендис Милер, Маделин З. Бордело, Ивет Кларк, Курт Клосон, Емануел Кливер II, Гералд Е. Коноли, Пол Кук, Дона Ф. Едвардс, Алси Хејстингс, Еди Бернис Џонсон, Том Марино, Колин Питерсон, Боби Раш, Стив Стајверс и Питер Висклоски.

Конгресмените во писмото предупредуваат дека доколку напорите на Македонија да се приближи кон НАТО не се препознаат, односно наградат, тоа ќе има негативен ефект на процесот на демократизација и ќе ја ослабне заложбата на Македонија во соработката со евроатлантските институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...