fbpx

Шекеринска: Во завршна фаза се преговорите за нова влада предводена од СДСМ

-

„Разговорите меѓу СДСМ и партиите што се очекува да бидат дел од новото парламентарно мнозинство се во завршна фаза. Преговорите за сите прашања се водат исклучиво на основа на Уставот, за тоа постои согласност од сите страни. Очекуваме Македонија наскоро да ја добие новата влада“, рекла заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на средбата со амбасадорот на Норвешка, Арни Бјорнстад, соопшти СДСМ.

Таа нагласила дека новата влада ќе биде реформска и ќе овозможи имплементација на реформските приоритети од извештајот на Прибе и на Договорот од Пржино за да се обезбедат независни институции што ќе работат во интерес на граѓаните и евроатлантска перспектива на земјата.

На состанокот Шекеринска зборувала и за потребата од непречено функционирање на СЈО и на правдата во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...