fbpx

Шекеринска: Со потпишувањето на договорот помалку граѓани ќе бегаат од државата

-

Мигрантските кризи треба да престанеме да ги гледаме како моментални проблеми со кои се соочуваме денес, а со надеж дека ќе престанат утре. Тие станаа наше секојдневие и според сите анализи се сметаат како еден од клучните феномени кој ќе влијае врз стабилноста на светот. Ова денеска го порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска на отворањето на Меѓународната летната школа насловена „Управување во услови на мигрантски кризи“.

– Кога Македонија се најде на таква бегалска рута и кога избија немири на Блискиот Исток, но и кога на мигрантскиот бран му се придружија луѓе кои решиле да си го сменат местото на живеење поради економски причини, ние видовме што значи да градите институции кои ќе се соочат со оваа мигрантска криза. Како држава се справивме со предизвикот, но видливо е дека треба да ги поместиме нашите приоритети кон вештини кои претходно не сме ги имале – истакна Шекеринска.

Шекеринска потсети кога пред два дена таа со премиерот и уште неколку министри на Преспанското езеро со чамец кој не бил преоптоварен успешно стигнале во грчкото село Псарадес.

– Не беше преоптоварен, бидејќи малкумина сакаа да се качат на чамецот на кој треба да се носат тешки одлуки. На тој чамец влеговме со желба да решиме проблем и спор кој предизвикува многу емоции и во Македонија и во Грција кој трае 27 години и предизвика парализа на Македонија и на нејзините стратешки приоритети. Чамецот не се преврте бидејќи не бегавме од никого, бидејќи одевме во пресрет на една нова перспектива и шанса за сите граѓани на оваа држава и за пoдржувачите на договорот и за оние кои истиот го критикуваат, а можеби за нив дури и повеќе – рече таа.

Според неа, потпишаниот договор е вистинската одлука бидејќи, како што рече, потпишувањето на овој договор ќе значи дека помалку наши сограѓани ќе бегаат од оваа држава и ќе бараат егзистенција во други земји. Нагласи дека овој договор ќе значи поголема интегрираност и повеќе шанси за младите во Македонија, но и дека дава шанса и на регионот кога во време кога целиот свет констатира дека безбедноста повторно е вратена како прва точка на дневен ред

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...