fbpx

Шекеринска: Сметаме на нашите стратешки партнери за членството во НАТО

-

Македонија смета на своите стратешки партнери, особено сега кога работиме забрзано и искрено за членството во НАТО, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по денешната средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, кој е во официјална посета на Македонија.

– Македонија – членка на НАТО е заедничка цел зашто служи на двата крупни интереси – стабилен регион, но и стабилни и безбедни граѓани на Република Македонија. Нашата определба за членство на Македонија во НАТО ја докажавме и преку нашето постојано учество во меѓународните мисии, вклучително и со мисијата во Авганистан, кое го продолжуваме и ќе го зголемиме. Ја покажавме, исто така, и во заедничката вежба што ја имавме со воените сили на САД ова лето на Криволак – изјави Шекеринска, посочувајќи дека повеќе од 4.500 војници на Амијата на Република Македонија учествувале во заедничките активности со Националната гарда на Вермонт.

Генералот Креј истакна дека од 70 партнерства на националните гарди на САД во светот, партнерството на Националната гарда на Вермонт и на АРМ е еден од најуспешните примери на соработка која има неограничен потенцијал.

– Стратегиското партнерство е навистина корисно за двете земји и ние сме горди за сè што успеавме да обезбедиме за Македонија, меѓутоа и за искуството кое ние го стекнавме овде во Македонија – рече командантот на Националната гарда на Вермонт.

Тој порача дека интеграцијата на Македонија во НАТО е дел од целите на партнерството и дека во текот на посетата ќе се разговара за активностите што ќе се преземаат следните години, и за помошта во однос на членството во НАТО и за другите цели на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...