fbpx

Шекеринска-Османи: Институциите имаат легитимитет за имплементација на Договорот од Преспа

-

Со мнозински изразената волја за европска Македонија пратениците во Македонија немаат друга опција освен да ги следат гласовите на мнозинството со цел државата да го забрза членството во НАТО и ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

– Ова е време кога на Македонија и потребно заедништво. Од една страна е Македонија во ЕУ и НАТО, од друга е изолација и неизвесност на нашата татковина – рече Шекеринска наведувајќи дека другата преостаната алатка се предвремени парламентарни избори и тоа веднаш. Таа додаде дека сите политички партии треба да се обединат и да работат на оваа заедничка цел и оти е клучно.

Османи наведе дека референдумот бил консултативен како инструмент да се определи политичката волја на граѓаните. Според него прашањето на цензусот не е поврзано со прашањето на референдумот и дека Македонија и претходно имала проблеми со цензусот, споменувајќи ги претседателските избори, односно дека тогаш цензусот морал да биде спуштен на 40 отсто.

– Граѓаните јасно се определија дека сакаат во НАТО и ЕУ. Неуспехот на овој процес значи политичка, безбедносна и економска непредвидливост, статус кво. Вчера немавме одлука за нијанси, туку имавме контраст меѓу црно и бело, прогрес и регрес, добро и лошо. Имавме консултативен референдум како инструмент да се определи политичката волја на граѓаните. Тој инструмент се рефлектира преку бројот на гласови, кои се добиени од страна на гласачите: 661 илјади гласа, 606 илјади „за“ и таа бројка им дава целосен легитимитет на институциите да продолжат со имплементација на обврските од овој меѓународен договор. Имаме целосен легитимитет институциите уште од денеска да продолжат со имплементација на Договорот – рече Османи.

Според него тие што не излегле сакале да дадат порака дека има пратеници кои треба да одлучат за нив. Османи демантираше дека Албанците не гласале во доволен број, туку рече дека гласале во максимален број споредбено со сите изборни циклуси.

Тој исто така демантираше дека се полнеле гласачките кутии во места каде претежно живеат Албанци и рече дека ги охрабрува институциите да ги истражат овие наводи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...