fbpx

Шекеринска: На 11 декември граѓаните ќе се изјаснат за СЈО и ќе ја казнат власта

-

Може да има нови предлози, меѓутоа клучното прашање е дали Собранието ќе донесе одлука за продолжување на рокот за истраги на Специјалното јавно обвинителство и ќе ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци, изјави денеска заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во врска со повторното поднесување на законите во Собранието од страна на пратеникот Павле Трајанов.

Шекеринска вели дека тоа што станува јасно е дека владејачките партии се плашат и бегаат од целосна истрага поврзана со прислушуваните разговори.

– Десет години Никола Груевски бега од дуели. Десет години ВМРО-ДПМНЕ бега од соочување. Десет месеци Груевски бегаше од анкетна комисија за прислушувањето во Собрание. Сега станува јасно дека виновниците сакаат по секоја цена да избегаат од вистински истраги. Само луѓе кои се со двете раце во криминал можат да кажат „не“ на закон со кој ќе се заштитат сведоците што можат да дадат информации и докази за сериозен криминал и за сериозна корупција. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ покажаа дека се во служба на криминалот, а не во служба на правдата – изјави Шекеринска.

На новинарско прашање, дали ситуацијата со законите за СЈО, кои ВМРО-ДПМНЕ категорично рече дека нема да ги поддржи, може да предизвика одложување на изборите, Шекеринска вели дека тие како партија се подготвуваат за изборите на 11 декември, бидејќи тогаш граѓаните ќе го кажат своето мислење и за прашањето за СЈО и за оние кои „бегаат од казнување на криминалот“.

– Ние се подготвуваме за избори на 11 декември, заради тоа што сметаме дека на тој ден граѓаните ќе кажат свое мислење и за прашањето за СЈО и за прашањето од потребата на правда во оваа држава и дека ќе ги казнат сите што бегаат од избори. Ќе ги казнат сите што бегаат од вистинско лоцирање и казнување на криминалот. Заради тоа, мислам дека ова што вчера и денеска го прави и ВМРО-ДПМНЕ, но и други партии во македонското Собрание, покажува каде треба да ги бараме криминалот и корупцијата во Македонија – рече заменик-претседателката на СДСМ.

Пратеникот Павле Трајанов денеска до Собранието на Република Македонија ги поднесе предлог-измените на Законот за Специјално јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита на сведоци за разгледување во редовна постапка.

Владејачкото мнозинство вчера на пленарна седница гласаше против измените на овие закони, со што Собранието не го поддржа предлогот на опозицијата предлог-измените на законите да бидат донесени по скратена постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...