fbpx

Шекеринска: Кој преговара за името во име на Македонија?

-

„Веќе никој не знае кој сè преговара во име на Република Македонија!“, реагираат од СДСМ, по посетата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Атина.

– Во „Вистината за Македонија“ чувме дека тоа е бизнис-партнерот на Груевски. Сега преку партиски соопштенија читаме дека тоа се неговите коалициски партнери. Опасно несериозен однос за едно од најсериозните прашања за Македонија и за сите нејзини граѓани. Јасно е: вака не се води, туку се урива државната политика. На сите им е јасно дека ова е уште една реприза на партиските игри на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, која се повторува пред секои избори: еден ден во неделата глумат скарани, а другите шест покажуваат голема коалициска „љубов“. Главниот проблем е што цената за тие неодговорни партиски игри ја плаќа нашата држава – вели за „Мета“ Радмила Шекеринска, заменик-претседателка на СДСМ.

Денеска во Атина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас.

Според партиското соопштение на ДУИ, Ахмети и Коѕиас ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија. Ахмети е придружуван од пратеникот Артан Груби, вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, и од вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.

Министерството за надворешни работи, пак, вчера за „Мета“ соопшти дека не дало поддршка на патувањето на функционерите на ДУИ во Атина.

Во соопштението од ДУИ се вели дека ова не е прва посета на нивниот лидер и на владини функционери на Атина ниту, пак, е прва средба на Ахмети со министер за надворешни работи на Грција.

„На средбата ќе се дискутира единствено за спорот за името и за конкретните идеи. Наредниот период, додека Македонија има преодна влада, е најдобар за да се направи поместување во спорот за името“, стои во соопштението од ДУИ.

Грчки извори за „Мета“ коментираа дека посетата на Ахмети е на негова иницијатива во рамки на неговите напори да се одржат контактите со меѓународната јавност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...