fbpx

Шекеринска: Ќе се залагам за поголем буџет на АРМ и за партиите да се држат подалеку од неа

-

„Силно ќе се залагам за зголемување на буџетот на АРМ и за подобрување на професионализацијата во неа. Армијата да биде забрането место за сите политички партии, вклучително и за партијата од која доаѓам“, нагласила министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната средба со началникот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката му порачала на генералот Величковски дека стои на располагање и дека ќе има блиска соработка, која ќе биде во интерес на Армијата и на Владата на Република Македонија.

–  Тука сум за да се вратиме на нашата определба за членство во Алијансата, за да направиме вистински реформи, реформи што ќе бидат корисни за сите – нагласила Шекеринска.

Министерката се осврнала и на основните потреби на припадниците на АРМ, како што се опрема, униформа, чизми и друго, и додала дека ќе сторат сè за да најдат решенија за искористување на домашните компании, што ќе влијае и на подигнување на домашната економија.

Величковски ѝ го честитал на Шекеринска назначувањето на функцијата министер за одбрана и изразил задоволство што Министерството за одбрана добило влијателен министер во ликот на првата жена на таа функција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...