fbpx

Шекеринска и Димитров на состанок со Северноатлантскиот совет во Брисел

-

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се во работна посета на Брисел, каде утре ќе учествуваат на состанокот на Северноатлантскиот совет за Македонија во седиштето на НАТО.

Како соопшти владината прес-служба, на состанокот, со кој ќе претседава заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, ќе се затвори 17. циклус на Акцискиот план за членство на Македонија во НАТО. На состанокот ќе се презентираат реализираните цели и активности на Владата во врска со исполнувањето на критериумите за членство во Алијансата.

„Фокусот ќе биде ставен на реформските процеси што интензивно и навремено се спроведуваат според планот „3-6-9“, на придонесот на Република Македонија кон зачувување и унапредување на мирот и на безбедноста во регионот и пошироко, како и на идните активности во рамки на проактивната надворешна политика и одбранбените реформи“, стои во соопштението.

Шекеринска и Димитров, како што е најавено, утре ќе имаат средба со Готемелер, по која е предвидена заедничка изјава во прес-центарот на НАТО.

Во пресрет на состанокот, како што информираат од Владата, министерката за одбрана денеска имала средба со Педро Серано, заменик на генералниот секретар на Европската служба за надворешна политика, а за утре најавена е средба со директорот на Директоратот за планирање и политика на НАТО, Пол Северо.

Шефот на македонската дипломатија денеска ќе има средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...