fbpx

Шекеринска и Димитров ќе учествуваат на Минхенската безбедносна конференција

-

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров од 16 до 18 февруари ќе учествуваат на 54. Минхенска безбедносна конференција, која ќе се одржи во Минхен, Сојузна Република Германија.

Во фокусот на овогодишната конференција ќе бидат дебатите за улогата на Европската Унија како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија, конфликтите на Блискиот Исток, заканите од тероризмот, прашањата за заштита на животната средина како и сајбер безбедноста.

На Конференцијата се очекува да учествуваат секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...