fbpx

Шекеринска: Далеку сме од расправа за специфични прашања и од поделба на ресори

-

Апсолутно сме далеку од некои конкретни дискусии по специфични прашања, а особено сме далеку од поделба на ресори, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, по средбата со претставниците на ДУИ, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Таа изјави дека на денешната средба било дискутирано за актуелната ситуација по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот на втората по ред парламентарна партија и најави дека средбите и разговорите со ДУИ ќе продолжат.

– Сметаме дека овие средби и разговори ќе продолжат, дискусиите се водат во двете политички партии, но сметаме дека целта ни е заедничка. Македонија да излезе од оваа политичка криза, час поскоро да добие влада која ќе се посвети на реформите, на подобар живот на сите граѓани на Република Македонија и шанса за сите да озбезбедат вистинска егзистенција во рамките на својата татковина. На сите овие теми ќе дискутираме следниот пат. Вие сте свесни дека ова не беше долга средба. Средбите ќе продолжат тогаш кога дискусиите ќе завршат во рамки на двете политички партии – рече Шекеринска.

Потпретседателката на ДУИ, Туета Арифи, по средбата изјави дека со претставниците на СДСМ имале конструктивна дискусија, но дека последниот збор ќе го има претседателството на ДУИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...