!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Шефот на црногорската дипломатија, Срѓан Дармановиќ утре во посета на Македонија


       
Скопје, 8 ноември, 2017 - 17:59 (META) 

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Покрај средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, Дармановиќ ќе биде примен од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот, Зоран Заев.

„Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи во сферите од заемен интерес, како и за продлабочување на секторската соработка. Во фокусот на дискусиите ќе биде и соработката на планот на интеграциите во Европската Унија и во НАТО, потребата од инфраструктурно поврзување, а ќе стане збор и за регионалната соработка и заедничката европска иднина“, стои во соопштението од МНР.