fbpx

Новиот шеф на дипломатијата, Димитров, прво ќе ги поправа односите со соседите

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва по изборот на новата Влада на Република Македонија изјави дека неговите први посети ќе бидат во земјите од регионот, особено во земјите со кои во изминатиот период се затегнаа односите.

Тој истакна дека ќе ги посети соседните земји за да го покаже новото лице на Македонија.

На прашањето за спорот за името, Димитров истакна дека ќе работат конструктивно и на градење на добри односи со партнерите во меѓународната заедница, создавање нови пријатели, а не непријатели. Тој истакна дека откако ќе постигнат консензус со опозицијата за името, ќе излезат пред граѓаните со конкретен предлог.

Во врска со присуството на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ во Собранието за време на насилствата и изјавите на српските власти, Димитров рече дека таквото однесување е неприфатливо и дека тој, како дипломат, секогаш кога оди во парламент на странска држава влегува на официјален влез, со најава.

Димитров истакна дека ова е голема промена во Македонија и дека од целата ситуација треба и Европската Унија и НАТО да извлечат лекција, односно да ја покажат својата посветеност кон евроатлантските аспирации на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...