fbpx

Шефот на косовската полиција бил уапсен поради тероризам

-

Министерството за внатрешни работи на Србија денеска потврди дека полицијата го уапсила директорот на косовската полиција за областа Митровица, Нехат Тачи, а како причина за апсењето се наведуваат обвиненија за тероризам.

Нехат Тачи (40) од Урошевац е уапсен на основа на распишана потерница по наредба на Вишиот суд во Ниш, поради кривично дело „тероризам“, информираат од министерството.

Во соопштението на министерството се наведува дека Тачи бил уапсен синоќа околу 20 часот, на административниот премин Кончуљ, при издавањето на потврдата за влез на територијата на Централна Србија.

На основа на решението на Вишиот суд во Ниш за одредување притвор од 2010 година, Тачи е спроведен во притвор.

Портпаролот на полицијата на Косово, Даут Хоџа, претходно изјави дека Тачи бил уапсен нешто пред полноќ додека патувал кон една западноевропска земја и со автомобил поминувал преку територијата на Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...