fbpx

Шарл Азнавур издава албум на 90 години

-

Францускиот шансониер, 90-годишниот Шарл Азнавур, на 4 мај ќе го издаде новиот, 46. по ред албум, јавија француските медиуми.

Азнавур на новинарите им рекол дека тајната на неговата виталност се пишувањето и пеењето.

– Ако престанам да пишувам и да пеам, умирам, барем умирам од здодевност – рече шансониерот, чиј нов албум „Енкор“ ќе го претстави на концерти во Париз од 15 до 27 септември.

Азнавур има ерменско потекло и е особено ангажиран во борбата за признавање на геноцидниот карактер на масакрот над Ерменците за време на Отоманската Империја. Тој е познат по единствениот тенор, кој со леснотија достигнува најдлабоки и највисоки тонови, како и по меланхоличната боја на гласот.
Глумел во повеќе од 60 филмови, компонирал 1.000 песни, вклучувајќи и 150 на англиски, 100 на италијански, 70 на шпански и 50 на германски јазик. Продал повеќе од 100 милиони носачи на звук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...