fbpx

„Шарена револуција“: Време е за нов крик, утре пред СЈО

-

Демонстрантите на „Шарена револуција на својот фејсбук-профил објавија нов повик за протест, утре во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство.

„Граѓанки и граѓани, ве повикуваме да се собереме на масовен протест в петок, 10 јуни, во 18 часот, пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство, да им кажеме на властите дека одбројуваме и дека нашите барања се бескомпромисни. Поминаа три дена откако Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако прецизно ги испорачавме нашите црвени линии и рокови. Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена“ стои во повикот.

На последниот протест во понедленикот, демонстрантите испорачаа неколку барања со рок да се исполнат до 18 јуни.

Покрај двете барања за итно ослободување на демонстрантите од обвиниенија и за изјаснување на Уставниот суд за уставноста на законот за СЈО, тие побараа:

• Оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори;
• Формирање на специјално одделение во Кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
• Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
• Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија;
• Оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...