fbpx

„Шарена револуција“ синоќа го обои Кривичниот суд

-

Во герила-акција на „Шарена револуција“, синоќа беше обоен Кривичниот суд Скопје 1, за кој оваа организација смета дека е извор на најголемите опструкции во работата на СЈО.

„Од вкупните барања за притвор од страна на СЈО, Кривичниот суд одобри само едно барање. Од другата страна, за периодот од 2012 до 2014 година, од вкупно 717 барања за притвор од страна на Обвинителството на Марко Зврлевски, судовите во Република Македонија имаат одобрено 707 (99 проценти). Ова е само еден од многуте облици на опструкции и на поставување двојни стандарди во судската практика кога станува збор за работењето на СЈО,“ пишува на страницата на „Фејсбук“ на „Шарена револуција“.

Во видеозаписот од акцијата, тие повикуваат на собир за поддршка на СЈО кој е закажан за денеска во 17 часот пред Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...