Северна Кореја сепак ќе учествува на Зимските олимписки игри


       
Сеул, 9 јануари, 2018 - 11:26 (META) 

Северна Кореја ќе испрати свои спортисти на претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгjанг, соопштија јужнокорејски функционери.

Покрај натпреварувачите, на Игрите ќе присуствуваат и навивачи, беше соопштено по првата средба на високо ниво по повеќе од две години. Средбата се одржа во Панмунџон во демилитаризираната зона.

Со цел да се овозможи настапот на Северна Кореја на Олимпијадата, Јужна Кореја ќе ја разгледа можноста за привремено укинување на санкциите кон својот сосед.