fbpx

Северна Кореја ја изведе петтата нуклеарна проба, најсилна досега

-

Северна Кореја успешно ја извела петтата нуклеарна проба, најсилна досега, соопштија официјални јужнокорејски претставници кои остро го осудија новото тестирање, оценувајќи го како „чин на самоуништување“.

Американските, европските и кинеските сеизмолошки служби вчеравечер регистрирале потрес, за кој се претпоставува дека е предизвикан од нуклеарната проба на Пјонгјанг.

Нуклеарнот тест го потврди и Северна Кореја.

„Нашите нуклеарни научници изведоа проба на најновата нуклеарна боева глава, на полигонот за нуклеарни тестови на северот на земјата“, соопштила спикерката на севернокорејската телевизија.

Во извештајот се наведува дека по пробатата не било регистрирано радиоактивно течење, ниту штетни последици за околината.

Јужнокорејската претседателка, Парк Гуен Хје, изјави дека „провокациите на Северна Кореја го забрзуваат нејзиното самоуништување“ и дека пробата сведочи за „манијачкото несовесно однесување“ на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Претседателот на САД, Барак Обама, веста за нуклеарната проба на Пјонгјанг ја примил во претседателскиот авион на пат од Лаос кон Вашингтон, по што веднаш имал одвоени разговори со претседателката на Јужна Кореја и со премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.

Портпаролот на американскиот претседател изјавил дека Обама ќе ги продолжи консултациите со сојузниците и со партнерите на САД во наредните денови околу последиците од провокациите на Северна Кореја.

Јапонскиот премиер рекол дека севернокорејската нуклеарна проба не смее да се толерира, а јапонското министерство упатило официјален протест до властите во Пјонгјанг.

Јапонските власти соопштиле дека надлежните служби со авиони ја мерат радијацијата и ги утврдуваат евентуалните последици кои пробата ги има на околината.

Нуклеарната проба е изведена на денот кога Пјонгјанг го прославува основањето на Демократска Народна Република Кореја, на 9 септември 1948 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...