fbpx

Серијата реплики и прашања од ВМРО-ДПМНЕ ја забави собраниската седница

-

Третото продолжение на шестата седница на Собранието траеше многу кратко и таа е повторно прекината без некаков прогрес во однос на вчерашното, второ, продолжение на седница.

Дискусијата за четвртата точка, расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, мина во знакот на долги реплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, вкупно осуммина, и одговори од народниот правобранител Иџет Мемети. Во дискусиите пратениците зборуваа за сè и сешто од сферата на работата на правобранителот и беше очигледна намерата што подолго да се зборува за колку што може повеќе да се оддолжи расправата за оваа точка, по која треба на дневниот ред да се најде предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

Претседателот на Собранието интервенираше при излагањата на пратениците, посочувајќи да се држат до темата, но со малку ефект – набргу продолжуваа истите обемни излагања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...