fbpx

Серија закони во Собранието: За слободен пристап до информации, за ОТА, за абортус …

-

На седници на собраниски комисии, како и на пленарна седница на Собранието, денеска ќе се најдат еден куп закони, од кои дел се со европско знаменце, односно во забрзана постапка.

Така, на дневен ред се измените на законот за абортус. Со предлог-законот за прекинување на бременоста, се олеснува достапот до абортус на жените, што досега беше многу долга и сложена процедура, за што реагираа многу граѓански активисти. Со новиот закон ќе биде овозможен абортус до 22-та гестациска недела, односно недела на бременост.

Пратениците во прво читање ќе расправаат и за Предлог на закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој ќе го олесни пристапот на граѓаните до информации и ќе се воведат мерки за институциите што нема да ги доставуваат бараните информации.

На пленарната седница, меѓу 25-те предложени точки на дневниот ред е и Предлог на закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција (ОТА). Со овој предлог-закон ќе се измени законот за ОТА само во делот на финансирањето и ќе се усогласи со Законот за електронски комуникации. Односно, по стапувањето на сила на законската измена, средствата за плата, надоместоци и додатоци на плата, за работа, унапредување, модернизација и опремување на ОТА, како и за стимулирање на работниците во ОТА,  се обезбедуваат од надоместоците на Агенцијата за електронски комуникации, наместо од државниот буџет, како сега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...