Сенатот ја одобри војната против ИСИС


       
Вашингтон, 12 декември, 2014 - 11:26 (META) 

Американскиот Сенат ѝ даде зелено светло на Белата куќа за војна против џихадистичката група Исламска држава.

Надворешно-политичкиот одбор на Сенатот ја изгласа резолуцијата на сенаторот Роберт Менендез, со која операциите на американската војска се ограничуваат на три години. Во документот се наведува дека ангажирањето на копнените сили е можно само во одредени ситуации.