fbpx

СЕММ: Насилството врз новинарите продолжува да биде сериозен проблем

-

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро го осудува вчерашниот физички напад на новинарската екипа на порталот „А1он“ и со загриженост оценува дека инцидентот ги потврдува тенденциозните обиди да се загрози слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Од Советот велат дека ова не е изолиран инцидент, а трендот на насилство и на попречување на работата на новинарите и на медиумските работници продолжува да биде сериозен проблем.

„Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, апелираме за итна реакција на полицијата и на Јавното обвинителство и за преземање на неопходните мерки за расветлување и за расчистување на инцидентите. Неказнивоста на нападите врз медиумите е недозволива, а безбедноста на новинарите мора да биде подобрена и тие мора да бидат ослободени од какви било закани и притисоци“, стои во соопштението на Советот за етика во медиумите.

Оттаму нагласуваат дека државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки за да создаде и да одржува поволна средина за слободата на изразување.

„Од друга страна, Советот за етика во медиумите забележува дека во изминативе неколку денови сè почести се случаите на злоупотреба на улогата на медиумите и нивно искористување како платформа за потпалување на ситуацијата и за засилување на тензиите во општеството. Ги повикуваме новинарите и уредниците на нивната значајна и одговорна улога, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, и на примена на улогата на смирувачи на тензиите, особено во случаите кога се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата“, велат од Советот за етика и додаваат дека досега Советот имал добиено околу 200 жалби за непрофесионално известување на медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...