fbpx

СЕММ: МВР и обвинителството да ги расчистат инцидентите во Собранието и нападите на новинари

-

Советот за етика во медиумите (СЕММ) бара итна реакција на полицијата и на Јавното обвинителство и преземање на неопходните мерки за расветлување и за расчистување на вчерашните инциденти во Собранието на Република Македонија, во кои беа нападнати и новинарски екипи од неколку медиуми.

„Ваквите случувања се суров доказ за алармантните услови со кои се соочуваат медиумите, а насилството врз нив е атак врз демократијата и, со тоа, и криминал врз општеството. Доколку властите не преземат сериозни чекори во заштитата на слободата на изразување, ќе продолжат да ги охрабруваат тие чија цел е по пат на сила да ги замолчат новинарите и другите критички гласови во општество. Барањето одговорност од политичарите е една од клучните одговорности во новинарството и медиумите не смеат да бидат блокирани во обидите да ги истражат сите важни прашања од јавен интерес“, стои во соопштението од СЕММ.

Оттаму потсетуваат дека државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мрки за да се создаде и да се одржува поволна средина за слобода на изразување и ги повикуваат медиумите професионално и непристрасно да ја вршат својата работа за урамнотежено претставување на настаните од сите засегнати страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...