fbpx

СЕММ апелира на одговорност и коректно известување за изборите

-

Во пресрет на претседателските избори, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.

 „Апелираме до медиумите на посериозен пристап во известувањето, односно јавниот интерес да биде главен услов при селекцијата на темите што се презентираат на публиката. Освен информативна, медиумите имаат и едукативна улога, тие треба да го збогатуваат јавниот дискурс, да влијаат на негово култивирање, а не на спуштање на нивото на јавната комуникација и креирање атмосфера што не доликува на едно современо демократско општество. Медиумите не треба да дозволат да бидат манипулирани од страна на политичарите и другите актери во изборниот политички процес, бидејќи тоа значи директна штета врз јавноста и граѓаните во државата“, се вели во соопштението на СЕММ.

Од таму додаваат дека очекуваат од медиумите, а особено интернет-порталите, да не дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за пропаганда и повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството.

„Поддржувајќи го и правото на граѓанските активисти да послужат како извори на информации за случувањата, ги потсетуваме новинарите на нивната улога особено да внимаваат на кредибилноста на изворот на информациите, задолжително да користат повеќе извори на информации, да известуваат со кредибилитет и објективно и урамнотежено да ги претстават случувањата во нивниот вистински контекст. Нивото на професионално однесување не смее да се симнува и да се дозволат лаги, полувистини и еднострани информации кои на граѓаните би им се сервирале како проверени и вистинити вести“, додаваат од СЕММ.

Од таму потсетија дека во согласност со Повелбата на СЕММ за етичко известување на медиумите, принципите се вистинитост и објективност, избалансираност, јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите , чесност и независност, професионална солидарност меѓу медиумите, уредувачка независност и професионален интегритет, почит и толерантност, слобода и одговорност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...