fbpx

Семејството Мицотакис се врати на тронот на Нова демократија

-

Кирјакос Мицотакис е новиот лидер на најголемата грчка десничарска партија Нова демократија. Мицотакис изненади и освои 51 отсто од гласовите на десничарските симпатизери наспроти неговиот опонент Евангелос Меимаракис, кој според медиумите беше поголем фаворит за лидер на партијата.

Од Кирјакос Мицотакис, синот на екс-премиерот и лидер на Нова демократија, Константинос Мицотакис и брат на екс шефицата на дипломатијата Дора Бакојани, десничарите очекуваат големи работи.

Се очекува да се врати единството и силата на партијата, да се заврти нов лист, нови реформи кои ќе покажат едно новo лице и посилна политичка идеологија, која би ја го вратила политичкиот сјај и довербата на партијата кај народот.

Со тој план, Мицотакис денеска ја презема палката над партијата. Во изјавата по победата најави нов ден за партијата, почнување политика која ќе ги обедини не само десничарите туку сите граѓани на Грција, политика која ќе ја направи партијата најголема центро-десничарска сила во државата, политика која ќе се води по вредности како искреноста, ефикасност, доследност и трудољубивост.

Јасно ја потенцираше целта за која ќе работи партијата односно ставање крај на политиката на владата на Алексис Ципрас, која ја нарече неспособна.

– Нашата цел е една, Нова демократија јасно да ги претстави сите сили во Грција кои се противат на популизмот на една неспособна влада. Граѓаните ми дадоа јасна наредба, обединети да продолжиме кон креативното возобновување на партијата и нејзино проширување со цел Нова демократија да стане голема центро-десничарска партија. Партија која ќе даде алтернативно решение за владеење со државата – истакна Мицотакис.

Изборот на Мицотакис изненади и ако се земе предвид неговиот личен багаж наречен семејство Мицотакис, политички клан кој е обвиен со скандали, недоверба од народот и политичка клетва да не се врати високо на политичката сцена.

Граѓаните кои постојано потенцираат дека бараат нови лица и се заморени од старите политичари врзани со политички и корупциски скандали, со него го враќаат на сцена историското политичко семејство Мицотакис. Меѓутоа, Кирјакос веќе неколку години наназад се обиде да ги раскине врските со семејството и да се претстави како ново лице во партијата кое има свежи идеи и може да направи политички реформи и промени.

Мицотакис останува запаметен и по својот гест да се откаже од своите пратенички привилегии за автомобил и прифаќање бонуси за пратениците за учество во собранички групи, а потоа и со предлагање да се укинат сите дополнителни финансиски привилегии на пратениците, пратеничката пензија, автомобилите и правото на пратенички имунитет.

Мицотакис има студирано на „Харвард“ и „Стенфорд“, а зборува англиски, француски и германски. На политичката сцена е активен од 2004 кога прв пат е избран за пратеник во грчкото Собрание.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...