fbpx

Семафори на копче кои ќе ги палат/гасат пешаците за да се намали загадувањето

-

Кога наместо автоматските, наместени на одреден временски период, би се вовеле семафори на кои пешаците ќе може да вклучат зелено светло по потреба, би имало најмалку 6.000 непотребни запирања помалку секој ден, велат проф. д-р Кирил Сотировски и Бошко Цветковски од Шумарскиот факултет.

Според проценките, секој ден во Скопје непотребно согоруваат најмалку по 100 литри гориво и непотребно се  испуштаат 250 килограми јаглероден двооксид поради непотребното застанување на возилата на црвено светло за да поминат пешаците.

Ова е дел од рефератот на научната конференција „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата“, која вчера и денеска се одржува во МАНУ.

Авторите од 20 пешачки премини со автоматски семафори во Скопје вршеле набљудувања за тоа колку непотребни запирања на возила има на црвено светло за да пропуштат пешаци, иако немало пешаци што чекаат. Овие семафори со тајмери така непотребно сопирале до 240 автомобили и 11 автобуси или камиони на час, на секој семафор.

Оттаму, авторите извеле заклучок дека кога би се вовеле семафори на кои црвено светло за возилата, а зелено за нив, би вклучувале пешаците, дневно би се заштедувале околу 100 литри гориво, односно во скопскиот воздух би се испуштиле 250 килограми јаглероден двооксид помалку.

Заштедата на гориво на годишно ниво би била 35.000 до 50.000 литри и значително би се намалило загадувањето на воздухот, велат Бошко Цветковски и Кирил Сотировски, авторите на студијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...