fbpx

Селмани: Полицијата да научи дека новинарите не се непријатели

-

Полицијата треба да научи дека новинарите, кои известуваат од протести не и се непријатели, туку исто така професионалци на службена должност, кои треба да се заштитат ако бидат нападнати од учесниците во протестот. Таа заштита ја заслужуваат согласно домашното и меѓународното право, порача претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, на работилницата во Скопје за подобрување на безбедноста на новинарите за време на критични настани, во организација на ЗНМ, МВР, со поддршка на ОБСЕ.

– Едногласни сме дека насилството врз медиумските работници е неприфатлива практика за една демократска земја. Како важен елемент во функционирање на демократските процеси тие имаат право да работат во амбиент без закани и притисоци. Нивната мисија за информирање на граѓаните и барање отченост од секоја влада нема да се исполни ако работат во услови на страв и несигурност – рече Селмани.

Работилницата е дел од напорите за подобрување на соработката меѓу новинарите и полицијата, откако МВР и ЗНМ во декември минатата година потпишаа меморандум за соработка.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не смее да има толеранција за нападите врз новинарите.

– За жал во последните неколку години бевме сведоци на бројни напади и притисоци врз новинари. Нема никакво оправдување за ваквите напади. Ставот на владата е јасен и постојано го повторуваме – нула толеранција за каков било обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето – рече Спасовски.

Џеф Голдстајн, в.д. амбасадорот на ОБСЕ,  на отворањето на настанот рече дека насилството врз новинари не се само вербални и физички напади, туку и незаконски притворања, уништување имот, произволни рации во редакциите или во домот на новинарите, говорот на омраза, напади на социјалните мрежи и закани за сексуални напади врз новинарки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...