Селата Малино и Брест отсечени поради снегот


       
Скопје, 12 февруари, 2018 - 12:51 (META) 

Селата Малино и Брест на Скопска Црна Гора се отсечени од светот, бидејќи патот што води до нив е завеан, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

За ситуацијата е известена Општина Чучер-Сандево, и се очекува да се преземат мерки за патот да се расчисти од снегот.

Во моментов во овие две села и во Танушевци има струја.