fbpx

Села: Ова беа криминални избори со закани и со поткуп

-

Кандидатот за градоначалник на општина Струга од Алијансата на Албанците, Зијадин Села, обвини дека овие избори биле криминални и дека на повеќе места во Струга имало закани, уцени и купување гласови, кои се случувале на скриени локации кои функционирале како партиски штабови.

Тој ги повика институциите на системот да профунционираат, давајќи им и точна локација каде се случувал изборниот криминал.

– Да ги повикам правната држава, полицијата, да бидат поактивни, а не да ги дозволат да се случуваат да се уценуваат граѓаните да се купува нивниот глас, веќе имаме пријавено кај едно место кај „Тинекс“, ДУИ има скриен штаб каде што се носат граѓани со возило и таму ги купуваат нивните гласови. Еве, јавно ги повикувам да одат да контролираат, да влегуваат , таму се врши криминал над изборниот процес – изјави Села откако гласаше на неговото избирачко место во Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...