fbpx

Села не се откажува од здравство, не сака да добие „заменик-премиер за носење бурек“

-

Остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се местат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата за Албанците и бараме да го водиме министерството за здравство, рече , Зијадин Села по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев.

– Јас му дадов предлог на премиерот да стокми уште една друга позиција, што би била заменик премиер за носење бурек, а после таа позиција ќе им ја дадам на ДУИ. Нема да правиме договори над договорите. Договорот за владата беше направен кога се формираше владата. Се додека менаџиравме со министерството за здравство, го менаџиравме со успех. Ако на некој му пречи успехот треба да излезе и да каже дека има проблем со успешни министри и политички партии кои навистина се фокусирани на реформите – рече Села.

На прашањето дали побарале други министерски места, Села рече дека ако има договор за други побарувања тоа треба да се однесува на целата владина коалиција.

-Ние остануваме во владата до процесите за реформите и сме ги поддржувале и ќе ги поддржиме. Сме биле главни актери за да падне режимот и ќе бидеме фокусирани остатоците од режимот кои се останати во оваа влада да сносат одговорност пред лицето на правдата бидејќи таа е целосна кога се однесува на сите – вели Села.

Прашан дали пратениците на Алијансата за Албанците во Собранието ќе гласаат за Филипче да биде министер за здравство, тој рече дека партијата допрва ќе одлучи за тоа.

– Се надеваме дека предлогот ќе биде од Алијансата бидејќи на таков начин премиерот ќе се покаже сериозен и ќе покаже дека не потклекнува на притисоци кои некои му ги прави за да игра политички игри – додаде Села кој потврди дека Вулнет Ферати е кандидатот за министер за здравство што Алијансата и го предложила на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...