fbpx

Села: Не поттикнувајте тензии, зашто последиците би биле многу лоши

-

Четиринаесеттото продолжение на конститутивната седница на Собранието поминува во реплики и во контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но и во меѓусебни обвинувања помеѓу пратениците преку процедурални забелешки.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците рече дека од собраниската говорница се манипулира со чувствата на граѓаните.

– Вие се грижите само за една работа, за милијардите што сте ги украле. Вие сте способни да запалите цела државата само за да се спасат неколку глави од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Немојте да поттикнувате тензии, затоа што последиците би биле многу лоши, би имало жртви, а тоа никој не го посакува – рече Села.

На ова реплицираше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој го обвини Села дека продава патриотизам и дека подбуцнува народ.

– Немојте да заборавите дека обичните луѓе никогаш немале проблем помеѓу себе да живеат и да си помагаат. Проблем има кога некој ги злоупотребува чувства на граѓаните и еден ден Вие ќе ја платите цената и тоа од Албанците, а не од Македонците. Затоа што потфрливте како градоначалник во Струга, а сите неуспеси ги припишувате на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Ве молам не чепкајте во теми што не ги познавате и што предизвикуваат негативни реакции. Поттикнувате етнички тензии – рече Димовски.

Оливер Спасовски преку процедурална забелешка го критикуваше претседавачот со Собранието, Трајко Вељаноски, дека дозволил дебата која оди во корист на одолжување на седницата наместо да се дебатира за точките на дневен ред.

Седницата продолжува во 15 часот, по паузата за ручек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...