fbpx

Села ја чека средбата со Заев, БЕСА на Касами тврди дека не блокира

-

Крилото на движењето БЕСА предводено од Биљал Касами вели дека не ја блокира евроатлантската интеграција на Македонија, а гласовите на нејзините пратеници ќе зависат од тоа како ќе се одвива дебатата, порача пратеникот Фадил Зендели денеска, јави  „Порталб.мк“.

Прашан неколкупати дали ќе гласаат за уставните измени ако не се исполнат нивните барања Македонија да се дефинира како мултиетничка држава, албанскиот јазик да биде официјален на целата територија на земјата, а од државјанството да се избрише зборот македонско, Зендели вели дека проблемот не се тие, туку што во меѓувреме се измениле правилата.

– Ќе продолжиме со дебатата и ќе видиме како ќе продолжи. Ние не сме пречка, туку ја поддржавме иницијативата за уставните измени, но во текот на процесот се изменија правилата. Беа презентирани некои нови моменти, кои за нас, албанските партии, се контроверзни. Затоа велам дека не ние го стопираме процесот, туку оние што ги изменија правилата – рече пратеникот.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, пак, рече дека нивниот став ќе се знае по средбата со премиерот Зоран Заев.

– Има покана за средба со премиерот Заев и таа ќе се одржи. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, а потоа ќе решиме како ќе гласаме – рече Села.

Беса и Алијансата за Албанците се единствените партии кои поднесоа амандмани на уставните амандмани. За да се изгласаат измените на Уставот се потребни гласовите на најмалку 80 пратеници, а за да се достигне до таа бројка потребни се гласовите и на пратениците од овие две партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...