fbpx

Села: Досегашните предлози за употреба на албанскиот јазик за нас се неприфатливи

-

Предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста, се неприфатливи за Зијадин Села. Претседателот на Движењето за реформи на ДПА не сакаше да открие за какви предлози станува збор, додавајќи дека неговата партија останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик.

– Стоиме на ставот дека нема да очекуваме некој да си игра со нашиот јазик, да се зема постоечкиот закон и да се менуваат членовите. Треба закон кој ќе биде во склад со Уставот. Бидејќи Уставот дозволува употреба на албанскиот јазик во сите институции на државата, ние ќе предложиме закон што ќе го официјализира албанскиот јазик во сите институции на државата. Јас не знам кој предлагал и што предлагал, но тие предлози кои се слушаат во јавноста, за нас се неприфатливи – изјави Села доцна попладнево, пред да започне Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА.

На состанокот на претседателството вечерва, како што рече Села, ќе се информираат членовите за преговорите за состав на новата влада, и за средбата која Алијансата за Албанците ја имаше  со потпретседателите на ДУИ. Ќе се разговара и за организирање на партијата во пресрет на локалните избори.

Утре, како што рече Села, на иницијатива на Алијансата за Албанците, ќе се одржи заедничка средба на политичките партии на Албанците, на која ќе се разгледаат сите опции околу можноста за формирање на новата влада.

Средбата ќе се одржи утре од 13 часот во хотел Арка во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...