fbpx

Села бара Македонија да биде една изборна единица

-

Македонија да биде една изборна единица и да се избираат пратеници по пропорционалниот модел.

Ова е ставот на Движењето за реформи на ДПА, што денеска на прес-конференција во Тетово го соопшти претседателот Зијадин Села. Тој истакна дека сега е моментот да се исправи неправдата со големата разлика на гласови во шесте изборни единици.

– Сега, кога се актуелни измените во законот за избори, треба да се размисли да се промени изборниот модел и да се укинат изборните единици, односно да има само една изборна единица. Само на овој начин тежината на гласот во Тетово, Битола, Струмица и во Струга би бил ист. На народот во Македонија му треба слобода да избира. Затоа треба да се воведе пропорционален модел со отворени листи, така што граѓаните ќе можат слободно да избираат, без да се наметнуваат лидерите на партите или некои повисоки функционери во изборните листи – изјави Села.

Тој досегашната дебата во Собранието за измените во Изборниот законик ја оцени како лажна, исто како и целиот процес што се водеше во Пржино, каде, според него, не се решило прашањето околу избирачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...