fbpx

Сејфула: Изјавата на Латас е навреда за Турците од целиот свет

-

Неколку десетици граѓани, поголемиот дел од нив припадници на турската заедница во Македонија, се собраа на мирен протест пред Владата затоа што, како што рекоа, се згрозени од изјавата на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, кој во интервјуто со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му рече „лажеш како Турчин“.

На протестот тие рекоа дека ова е навреда за Турците од целиот свет.

– Вчерашната изјава на Латас е навредлива не само за Турците во Mакедонија, туку и за Турците во целиот свет. Протестите ќе продолжат и ќе бидат помасовни. Сите граѓани што се чувствуваа навредени од изјавата, ќе може да поднесат тужба против уредникот на „Сител“ – рече Ипо Сејфула, претседател на месната заедница од Долно Количани.

Тој рече дека изјавата на Латас не е само навреда за Турците, туку е навреда и за сите новинари, на кои им порача дека Латас не треба да биде дел од нивниот круг.

Насобраните граѓани сега се упатуваат на протест пред телевизијата „Сител“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...