fbpx

Седум репатрирани повратници од ИСИС ја признале вината

-

Седум македонски државјани, поранешни борци на Исламска држава кои војувале во Сирија, а во август лани беа репатрирани во земјава, денеска ја признале вината, соопшти Јавното обвинителство.

„Денеска во Основниот суд Скопје 1 Скопје, на главната расправа при произнесување за вина, седумтемина македонски државјани обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а едно лице обвинето и за кривично дело Терористичка организација, ги признаа делата што им се ставаат на товар“, наведе Обвинителството.

Седумте македонски државјани, припадници на ИСИС во август минатата година беа репатрирани во Македонија откако биле заробени од страна на Сириските демократски сили. Против нив беше спроведена истрага, а во октомври беше поднесено обвинение.

„Обвинетите со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале на обука во Сирија каде и учествувале како борци на ИСИС во војните во Сирија и Ирак. Обвинетиот кој се терети за две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“, соопшти Јавното обвинителство.

Тие признале и дека поттикнувале и врбувале и други лица да се борат за ИСИС.

„Освен учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Македонија во 2014 година го измени Кривичниот законик и воведе нов член 322, „Учество во странска војна, полиција, паравоени и параполициски формации“. Досега за ова дело се осудени 23 македонски државјани, од кои 16 беа уапсени во  2015 и во 2016 година, во полициските акции „Ќелија 1 и 2“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...