fbpx

Седницата за уставни измени продолжува во 12 часот, неизвесно двотретинското мнозинство

-

Пратениците во Собранието денеска во 12 часот ќе ја продолжат расправата за потребата од уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа, помеѓу Македонија и Грција. Не се исклучува можноста денеска дискусијата да биде исцрпена и да се пристапи кон гласање, со оглед дека опозициските пратеници претходно ги откажаа дискусиите.

Останува неизвесно дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, колку што е потребно да се пристапи кон уставните измени.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека верува во чуда и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“.

-Негувам надеж дека утре парламентот ќе собере сили, дека пратениците ќе се одважат и охрабрат, затоа што, пред се, се претставници на граѓаните, а потоа на политичките партии и ќе се исправат пред историската одговорност, пред оваа непропустлива шанса за Македонија. Конечно да дадат пас за потврдување на потребата за отворање на уставни промени – рече Заев,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порача дека е единствена и дека пратениците нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата.

Доколку Предлогот за пристапување кон уставни измени не биде усвоен од Собранието, би можело да се очекува распишување на предвремени парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...