fbpx

Седницата за Комисијата за избори и за именувања продолжува утре во 11 часот

-

Конститутивната седница на Собранието на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и на заменици членови на Комисијата за избори и за именувања ќе продолжи утре. Претседавачот со седницатa, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, најави дека утрешната, но и сите наредни продолженија на конститутивната седница, до нејзиното завршување, ќе почнуваат во 11 часот.

По попладневната пауза која беше дадена на барање на пратеничката група на Беса, генералниот секретар и пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека пратениците не се придржуваат до деловникот на Собранието и дека се злоупотребува процедуралниот институт и реплицирањето.

Денешниот ден во Собранието, како и вчера, повторно беше во знакот на платформата на албанските партии. Пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ си контрираа за неуспешните преговори меѓу двете партии за формирање коалиција и за што конкретно не успеале да постигнат договор.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ истакна дека албанската платформа не задира во унитарниот карактер на државата и дека ДУИ не се залага за кантонизација и за федерализација на Македонија.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека главен проблем е тоа што пратениците не се запознаени со содржината на законот за јазиците. На ова Џевад Адеми од ДУИ возврати дека законот за јазиците не бил проблемот во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, туку продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...