fbpx

Седница на Владата во 12 часот, ќе се расправа за кампањата за референдумот

-

Владата во 12 часот ќе ја одржи редовната, 83. седница на која како точка на дневен ред се предлог – измените на Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2018 година, информираат од владината прес-служба.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, министрите на седницата ќе дебатираат за предлог – програмата за изменување на програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2018 година, како и за извештајот за преземени мерки и активности за 2017 година и оперативниот план за 2018 година за спроведување на Националната стратегија за стари лица 2010-2020 година.

Министрите ќе ги разгледаат извештајот на независниот ревизор за извршена ревизија на работењето на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош за периодот од 1 јануари до 31 декември 2017  година, како и извештајот за текот на имплементација на Планот за гаранција за млади (пилот-фаза 2018 година).

На дневен ред на 83. Владина седница е и информацијата за имплементација на ИПА II Акциската програма 2014, „Поддршка на Секторот Правда”.

Иако во официјална најава за седницата не е наведено, министрите денеска треба да расправаат и одлучат по однос на предлогот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски поради користење на службено возило за приватни цели.

Освен тоа, премиерот Заев вчера најави дека на денешната владина седница ќе се расправа и за динамиката за кампањата за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември.

– Владата утре на седница ќе дебатира и ќе донесе одлука како да помогне во информативниот дел на кампањата за да можат овие три проценти кои што го прочитале Договорот да станат 100 проценти – информираше Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...