fbpx

Денеска второ читање на законот за образование во Собранието

-

Собраниската комисијата за образование, наука и спорт денеска на второ читање треба да го разгледа предлог-законот за високо образование. Седницата беше закажана за вчера, но поради можни нови предлози за законот, беше презакажана за денеска.

Комисијата на дневниот ред има седум предлог-закони на второ читање: за изменување и дополнување на Законот за основното образование, за изменување и дополнување на Законот за средното образование, за изменување и дополнување на Законот за високото образование, предлог-закон за академијата за наставници, предлог-закон за наставници во основните и во средните училишта, предлог-закон за обука и за испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и на отворен граѓански универзитет за доживотно учење и предлог-закон за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и во средното образование (за педагошки факултети), а како осма точка на на дневниот ред е статутарна одлука за изменување и дополнување на статутот на битолскиот Универзитет „Св. Килимент Охридски“.

Од „Професорски пленум“ ја демантираат информацијата објавена во некои медиуми дека добиле покана да учествуваат на расправата на собраниската Комисија за образование и наука.

Во Собранието денеска седници ќе одржат и седниците на комисиите за транспорт, врски и екологија, за здравство, за уставни прашања, за образование, наука и спорт и Законодавно правната комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од...