fbpx

Се зголемуваат нефункционалните кредити на фирмите и на домаќинствата

-

Во првиот квартал од 2015 година, порастот на нефункционалните кредити, при поизразено забавување на кредитната активност на банките, придонесе за извесно зголемување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на 11,6 проценти, се вели во извештајот на Народна банка, за ризиците на банкарскиот систем во првиот квартал од 2015 година.

Кај претпријатијата ова учество достигна 15,9 проценти за што придонесе и слабата кредитна поддршка на овој сектор.

– Порастот на нефункционалните кредити (годишен и квартален) во најголем дел произлегува од порастот на нефункционалните кредити на претпријатијата, и тоа кај одреден помал број клиенти. Така, во првиот квартал од 2015 година, порастот на нефункционалните кредити е одраз на влошените остварувања на некои клиенти од дејностите градежништво и индустрија – се вели во извештајот на НБРМ.

По неколкугодишно континуирано одржување на нефункционалните кредити на домаќинствата на речиси непроменето ниво, на крајот на март 2015 година се забележа извесно нагорно придвижување, и на годишна и на квартална основа.

– Притоа, првпат по вториот квартал од 2013 година, нефункционалните кредити на домаќинствата забележаа двоцифрен придонес во кварталниот пораст на вкупните нефункционални кредити и највисок придонес во годишниот пораст по средината на 2012 година. Гледано по одделни кредитни производи, нагорното движење е најзначајно кај нефункционалните потрошувачки, станбени кредити и кредитите врз основа на издадени кредитни картички, кои се воедно и најкористените типови кредити – пишува во извештајот на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...