fbpx

Се зголемува можноста за извоз на македонски производи во францускиот регион Алзас

-

Македонските компании ќе имаат можност за извоз на своите производи во францускиот регион Алзас, откако повеќечлена делегација од тој регион е во посета на Македонија заради унапредување на економската соработка на регионално ниво меѓу двете држави.

Можности за соработка има во областа на машинската, електроиндустријата, текстилната индустрија, туризмот, ИТ, енергетскиот сектор.

– Ние во Франција извезуваме текстил, вода, машинска и електро-опрема. Увезуваме фармацевтски, козметички производи и автомобили. Според структурата на производите, цениме дека соработката е недоволна и има можност за проширување на спектарот на производи за извоз, пред сè, од конзервната и од кондиторската индустрија, текстилот, ИТ-секторот, градежништвото – изјави извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева.

Француската амбасадорка Лоренс Оер истакна дека соработка меѓу компании од Македонија и од Алазас била остварена пред две години во рамките на проектот „Патот на виното“, при што се промовираа вина од Алзас во Македонија и македонски вина таму.

– Овде сме да ги запознаеме карактеристиките на земјата, да ги слушнеме очекувањата и предизвиците кон европскиот пат кои заеднички ги делиме. Постојат различни области за унапредување на економската соработка. По првичното запознавање, очекуваме да воспоставиме контакти со компаниите за конкретна соработка и да ги пречекаме во нашиот регион – изјави заменик претседателот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, Мари Рен Фишер.

Во првиот квартал, извозот во Франција изнесува 8,3 милиони долари, а увозот 33 милиони долари. Трговската размена меѓу двете држави е 41,3 милиони долари.

Франција е 23. трговски партнер на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...