fbpx

Се воведуваат дежурства за следење на пожарите во Македонска Каменица

-

Над сто хектари површина со сува трева и шума изгореа во пожарот кај Саса пред два дена. При тоа, беа зафатени и десет хектари на букова шума, а огнот зафати и површини преку границата со Бугарија. Ова беше најголемиот пожар од вкупно 12-те регистирани оваа година во Општината Македонска Каменица, а истоврмено и пожар со најголема штета. Поради тоа денеска вонредно заседаваше Локалниот координативен штаб за управување со кризи.

Според дадените насоки, донесен е заклучок за воспоставување на редовни дежурства во ЈП „Камена Река“ и ТППЕ Македонска Каменица.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ЈП „Национални шуми“, доколку оценат за потребно, да воведат ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси. Да се информира јавноста за постоењето на забрана за палење на стрништа како една од превентивните мерки за спречување на шумски пожари, како и за опсноста од настанување на истите. Државниот инспекторат да ги известат корисниците на ловиштата за можна потреба од нивно превентивно вклучување во заштитата при евентуална појава на пожар. Побарано е да се зголеми соработката и координацијата со регионалните Центри за управување со кризи и користење на контактите преку бесплатниот телефонски број 195, достапен 24 часа на целата територија“, се вели во препораките.

Исто така, во согласност со овие мерки, покрај утврдувањето на состојбата со персоналните ресурси, беше утврдена и моменталната состојба на оперативните и материјално-технички потенцијали и нивно ставање во функција на превенција, интервенција и справување при евентуална појава на пожар. Истата треба да биде доставена до Центарот за управување со кризи и до Дирекцијата за заштита и спасување.

Покрај преземањето на превентивни мерки за спречување на евентуални пожари, на состанокот на Локалниот координативен штаб за управување со кризи беше утврдена и потребата од казнени мерки и санкции против сторителите-предизвикувачи на пожари, предвидени во законските регулативи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...