fbpx

Сè уште нема утврдени кривични дела за насилствата во Собранието, информира ОЈО

-

Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи во врска со идентификација на учесниците во нередите што се случија во Собранието на Република Македонија, а дежурните јавни обвинители ѝ даваат насоки на полицијата за понатамошното постапување, велат од ОЈО преку соопштение.

„Поради обемноста во постапувањето на обвинителството, до овој момент се вклучени шест јавни обвинители, но во согласност со потребите, бројката на вклучени јавни обвинители се очекува да се зголеми, а сè во насока на брзо и ефикасно расветлување на овие кривично-правни настани. До овој момент не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела“, велат од Обвинителството.

Оттаму појаснуваат дека за секое лице за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело, ќе се постави конкретната правна квалификација откако ќе се собере потребниот доказен материјал и ќе се утврдат фактите одделно за секое лице.

„Бројот на лицата лишени од слобода, конкретните дејства на истражните органи, како и понатамошните дејства што ќе бидат преземени, јавното обвинителство ќе ѝ ги соопшти на јавноста кога ќе се создадат услови за тоа и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите“, додаваат од ОЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...