fbpx

Сè уште нема конечни одлуки за спомениците од „Скопје 2014“, вели Шилегов

-

Конечните одлуки за „Скопје 2014“ ќе се донесат откако Град Скопје ќе ги добие извештаите од надлежните служби, открива градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју за „Радио Слободна Европа“.

– Дел од спомениците не се ингеренција на Град Скопје и тука се вмешани Министерството за култура и Општина Центар и тоа во формално правна смисла ќе биде однос меѓу тие две институции. Да го доградите мостот на Панорамското тркало без Панорамското тркало би ве чинело отприлика околу 4,5 милиони евра. Недостасуваат средства тој да се изгради и би добиле еден ултра скап пешачки мост. Да го исчистите коритото на реката Вардар и од мостот и од галиите и од некои фонтани кои веќе подолго време не работат и од врби и од сето тоа во коритото чини исто така 4,5 милиони евра. Така што тоа се дилемите со кои и јас како градоначалник и луѓето кои се тука се соочуваме и за нас, повторувам, дека приоритет е безбедноста и согласно таа безбедност ќе ги носиме одлуките на Градот – вели Шилегов.

Тој истакнува дека согласно законот не може да се воведе мораториум за градежни работи, но најави дека со новиот буџет Град Скопје е предвидено зголемување на средствата за зеленило.

– Повеќе од два милиони евра Град Скопје во текот на наредната буџетска година ќе потроши за набавка на зеленило и во рамките на реорганизацијата на јавните претпријатија и начинот на нивното функционирање коешто ќе го спроведеме со новите менаџерски тимови од инертни јавни претпријатија ќе направиме активни јавни претпријатија. Нашата крајна цел е зголемување на зелените површини и уредување на постојните коишто се крајно запуштени – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...