fbpx

Сè уште не е решен просторниот проблем за учениците од тетовската гимназија

-

Стари проблеми на почетотокот од новата учебна година за учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово што следат настава на македонски јазик. Тие на 1 септември ќе треба да ја почнат наставата во две оделни згради, во услови под секое ниво за воспитно-образовен процес. Се работи за објекти на Работничкиот универзитет и на основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово.

– Во објектите во кои учениците и годинава ќе почнат да следат настава има несоодветни услови. Мали се училниците, тоалетите се во лоша состојба, инвентарот е во распаѓање, нема ниту компјутери ниту услови за физичко образование – изјави Томислав Стојановски, преставник од советот на родители при тетовската гимназија.

Тој додаде дека надлежните неколкупати ветиле дека ќе се најде решение за просторниот проблем, но од ветеното ништо не е реализирано.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, изјави дека Општината се ангажира околу надминување на проблемот со тетовските гимназијалци.

– Имаме изработено проект за изградба на нов објект за тетовските гимназијалци, веднаш до постоечката гимназија. Но, знаете, за овој капитален проект, пари треба да одвои Министерството за образование – изјави Арифи.

Од Министерството за образование одбиваат да дадат одговор дали ќе се одвојат средства за планираниот објект, наменет за тетовската гимназија.

Учениците Македонци од тетовската гимназија повеќе од една деценија се соочуваат со просторен проблем. До крајот на минатата година учеа во старите медицински бараки, кои беа целосно руинирани. Поради ваквите услови наставата во овие објекти се бојкотираше, по што од надлежните беше ветено дека сè до целосно решавање на проблемот, учениците ќе учат привремено во Работничкиот универизтет и во основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...