fbpx

Се урна товарен авион во Киргистан, најмалку 37 загинати и 11 повредени

-

Најмалку 37 лица загинаа откако турскиот товарен авион денеска се падна во село во близина на главниот киргистански град Бишкек.

Како што јавуваат светските агенции, 11 лица го преживеале падот, но добиле тешки повреди, поради што веднаш се пренесени во болница во Бишкек.

Авионот „боинг 747“ најверојатно при слетување не успеал да ја погоди пистата поради густата магла и паднал во населено место во близина на меѓународниот аеродром „Манас“, притоа влечејќи се околу стотина метри, уништил повеќе од 30 куќи во селото.

Повеќето од жртвите се локални жители, а меѓу нив најмалку шест се деца. На местото на несреќата избувнал пожар, кој веќе е изгаснат.

Авионот летал од Хонг Конг до Бишкек, а засега сè уште нема официјални информации за причината за падот.
Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, денеска потпиша указ со кој 17 јануари го прогласи за Ден на национална жалост поради инцидентот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...