fbpx

Се реактивира железничката линија Солун-Скопје

-

Од денеска се враќа во функција железничката линија Солун-Скопје за патнички и товарни возови. Денес е предвидено од Солун да заминат два товарни возови, едниот од нив со товар на КОСКО кон централна Европа. Планот на грчката железница е до крајот на неделата сообраќајот целосно да се нормализира и да поминуваат седум од вообичаено деветте товарни возови кон Македонија и Србија.

Се очекува да почнат да се праќаат и сите грчки вагони кои беа заглавени од македонска страна. Грчката железница вчера заврши со контролата на пругата која беше блокирана над 70 дена од бегалците во бегалскиот камп кај Идомени, кои со блокадата бараа да се отвори границата за да може да заминат кон северна и западна Европа.

Со релокацијата на бегалците од Идомени во бегалските центри во Солун, која заврши минатиот четврток, линијата беше ослободена, но од грчката железница вршеа проверки со цел да се осигура дека нема некакви проблеми.

Грчката железница се соочи со голема загуба од оваа блокада. Финансиската штета е 2,75 милиони евра, сума која го надминува минатогодишниот профит на железницата од 2,5 милиони евра, а истовремено сериозно влијае на довербата која странските клиенти и компании имаат во способноста на „Треносе“ да врши константен и безбеден превоз на нивните стоки од солунското пристаниште до Европа.

Ова се очекува да се одрази негативно на процесот на приватизацијата на грчката железница, која и без овој проблем е заглавена во долгови.

Сепак, интерес за железницата во пакет со Солунското пристаниште изрази рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Атина, а вчера според информациите имало и состанок меѓу претставници на руската железница со директорите на грчката железница.

Европската комисија притиска што побрзо да се заврши приватизацијата на грчката железница која се одолговлекува со години, иако во различни периоди има различен интерес за купување на железницата од странски конзорциуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...