fbpx

Се растура кампот пред Влада

-

Во тек е растурање на „Кампот на слободата“ откако синоќа лидерот на опозицијата, Зоран Заев, им се заблагодари на камперите, оддавајќи им признание за нивната истрајна поддршка во борбата.

Поголем дел од кампот е растурен, дел од шаторите се подигнати, инвентарот е подготвен за носење, бината се демонтира, камперите се пакуваат.

Пред Влада нема поголема раздвиженост. Помалите шатори на тревникот сè уште стојат и во текот на денот ќе бидат отстранети.

„Кампот на слободата“ беше формиран на 17 мај, вечерта по големиот граѓански протест, а камперите останаа таму два месеци за премиерот Никола Груевски да си замине од власт.

Одлуката за растурањето на кампот падна откако лидерите на четирите политички партии, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, постигнаа договор за излез од политичката криза во државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...